Дневен хороскоп

ОВЕН

Сакате да направите радикални промени, но засега тоа не е можно. Работите ќе почнат вистински да се менуваат дури за еден месец. Дотогаш бидете трпеливи и завршете го она што сте го започнале за да не морате повторно да се враќате на стари и неразрешени работи. Обновувањето на една стара љубовна врска може да ви донесе убави моменти. Ако сте во брак, избегнувајте ги љубоморните сцени и не го провоцирајте партнерот.

БИК

Ако имате сопствен бизнис или се занимавате со креативна работа, искористете го ова време за да направите основа за следниот период. Имате тенденција да го намалите темпото и да се повлекувате. Најдобро е да направите добар план кој ќе го реализирате подоцна. Партнерските односи ви се затегнати. Чувствувате дека не го добивате она што го давате. Доколку сакате да ви биде возвратено, наместо да се повлекувате, објаснете му на партнерот како се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Имате доволно волја и енергија се што сте замислиле да спроведете во дело. Некои работи кои сте сакале одамна да ги завршите сега повторно ќе се појават и ќе морате да ставите крај. Внимавајте на меѓусебната комуникација со колегите. Тоа што сте го замислиле не мора да им биде битно и на другите. Ако сте сами, имате многу шанси да го смените статусот. Но, вие имате некој свој замислен идеал и повеќе сакате да флертувате отколку да се впуштате во сериозна врска.

РАК

Ова е време за донесување на битни одлуки. Имате добри замисли, но како некој да ве кочи во работата. Обидете се да ги елиминирате пречките за да можете да се опуштите во наредниот период. Финансиската ситуација ви е променлива и потребно е да направите добар финансиски план. Конфликтите со партнерот стануваат вообичаена глетка. Колку и да ви пречи сето тоа, морате да признаете дека и самите придонесувате за таа атмосфера.

ЛАВ

Денес ќе бидете оптоварени со финансиите. Во изминатиот период имавте големи трошоци и сега сакате брзо да ги надополните дупките во буџетот. Меѓутоа, работите нема да се одвиваат во правец во кој сте замислиле. Бидете трпеливи и намалете ја нервозата. Партнерските односи ви се напнати. Воопшто не внимавате како се однесувате и што зборувате. Не се знае кога партнерот ќе го изгуби трпението и ќе ви возврати.

ДЕВИЦА

Вложувате голем труд во работата, но како работите да стојат во место и не ви дозволуваат да направите чекор повеќе. Понекогаш имате осет дека се наоѓате во безизлезна ситуација и дека ништо не зависи од вашата волја. Партнерските односи полека се стабилизираат, но се уште имате некои нерасчистени работи. Не дозволувајте мешање на семејството. Тие можеби имаат добри совети, но не применливи во вашиот случај.

ВАГА

Имате многу идеи и потребна ви е поддршка за да ги реализирате. Надминете ја инертноста и почнете да се однесувате во склад со она што сте го замислиле. Доколку сакате да направите промена на работното место, ќе морате да му се обратите на еден стар познаник кој секако ќе ви помогне. Во љубовта нема правила, вие токму тоа сакате да го воспоставите во односот со партнерот. Бидете подготвени за изненадувања и не се повлекувајте.

СКОРПИЈА

На некои работи не можете да влијаете и потребна ви е поголема трпеливост. Послушајте ја интуицијата и не се впуштајте во зделки кои не водат никаде. Бидете внимателни со кого се дружите и не дозволувајте да ви ја крадат енергијата. Многу сте емотивни и давате се од себе за да ви успее врската. Но, понекогаш е потребно да ги намалите очекувањата и да не се жртвувате за секого. Врската е дојдена до вжештување и најдобро е да се повлечете.

СТРЕЛЕЦ

Започнува една подобра фаза во вашиот живот. Промените што ќе ги направите ќе бидат многу важни за вас. Некои од стрелците може да го сменат работното место или да започнат сопствен бизнис. Не отстапувајте од она што сте го замислиле. Полека се почнува да се реализира. Ако сте сами, на повидок е нова врска која ќе ги исполни вашите очекувања. Личноста која ви се допаѓа ги има сите квалитети кои вие ги барате кај спротивниот пол.

ЈАРЕЦ

Опкружени сте со луѓе од доверба, но сепак ве обзема немир. Трошоците што ги направивте во изминатиот период значително ви го намалија буџетот и сега се чувствувате нестабилно. Работата која сега ја договарате ќе претрпи некои промени. Бидете трпеливи, не очекувајте да се случи се сега и веднаш. Партнерските односи ви се стабилни. Конечно можете да се опуштите и да уживате во заедничките моменти. Ако сте сами, на повидок е вистинска и стабилна врска.

ВОДОЛИЈА

Ситуацијата во која се наоѓате воопшто не е толку драматична колку што вие сакате да ја претставите. Проблемите со финансиите полека се решаваат и нема потреба да ги форсирате соработниците. Во наредниот период ќе имате можност за стабилизација, но и за некои нови проекти. Колку и да се обидувате да го смените партнерот, тоа нема да ви успее. Доколку сакате да дојде до некои промени, најдобро е да се смените себеси.

РИБИ

Многу сте одговорни и отворено го кажувате она што го мислите. Бидете упорни и полека ќе го реализирате она што сте го замислиле. Во моментов можете да се потпрете само на себе и затоа не трошете ја енергијата на канцелариски озборувања. Емотивниот живот ви е променлив. Повремено мислите дека работите тргнуваат во позитивен правец, но некои случувања ве демантираат. Бидете истрајни и не дозволете никој да ви ја наруши стабилноста.

Коментари

Популарно