ВИДЕО: Си ги фрлија децата од 5ти спрат за да се спасат од пожар!

Пожарот што ја зафатил зградата, не им оставил друга опција освен да скокнат од петиот спрат.

Untitled

Четиричлено руско семејство од Струнин, градот оддалечен 110 километри од Москва, беше приморано да од станот на петтиот кат кој го зафати пожар да ги евакуира со скок преку прозор, пишува порталот „Репортер“.

Сопружниците Елена и Ватлиј немале друг избор туку морале прво да од прозорот на станот на петиот кат од стамбената зграда ги фрлат своите две деца, Жениј и Ксенија, за да потоа и самите скокнат, каде ги дочекаа 20 комшии кои се собраа за да му помогнат на семејството да се спаси.

Мојот маж свати дека постои начин да се спасиме. Целиот стан беше исполнет со густ, црн дим и сите можевме да се угушиме. Нашето 11 месечно дете е срцев болесник. Излеговме на тераса и мажот ми рече дека единствен начин за да преживееме е да скокнеме“, изјавила Елена за руските медиуми.

На драматичната снимка која ја сними набљудувач може да се види како двојката прво ги фрла помладото дете, а потоа и постарото, а потоа скокнале и они.

Во скокот децата и мајката останаа неповредени за разлика од таткото кој поради повредата мораше да биде префрлен во болница.

Коментари

Популарно