ВИДЕО: За малку избегнат инцидент пред Собранието - човек им се спротивстави на „шарените“

Ја срамите Македонија, дедо ми се борел за неа, извикал човекот кој застанал пред рачниот катапулт вчера на протестот пред Собранието додека учесниците во „Шарената револуција“ гаѓале со боја кон Законодавниот дом. Веднаш настанала мешаница, а неколку машки лица од групата го тргнале настрана. Човекот, како што може да се види од објавените снимки, не сакал да замине и инсистирал да остане за, како што велел, да го одбрани собранието од вандализирање.

Untitled

Полицајците кои се поставени да го бранат собранието не реагирале на инцидентот. Човекот сепак на крај е тргнат настрана, а демонстрантите продолжиле да го гаѓаат Собранието. За вечерва е закажана и забава во организација на т.н. Шарена револуција, на улицата пред полициската станица во Центар.

Коментари

Популарно