Манијак се обидел да си го скенира половиот орган во супер маркет на каса!

Полицијата во американскиот град Сиетл го уапси младиот Кристијан Фишер под обвинение дека наводно се обидел да го скенира неговиот полов орган на касата во еден супермаркет.

краставица

Припадник на обезбедувањето во супермаркетот забележал дека вработената на касата вознемирено бега од работното место поради нешто што момчето става на пултот до касата, а кога се доближил сфатил дека Фишер го става неговиот полов орган на скенерот на касата.

Фишер цело време се смеел и не се обидувал да се побегне дури ни кога дошло обезбедувањето, јави порталот „Смокинг Ган“.

Тој сепак побегнал пред доаѓањето на полицијата, но набрзо повторно се вратил во супермаркетот. Вработените го бркале од продавницата, но тој не сакал да си оди и почнал да се расправа со нив.

Полицијата го уапсила нешто подоцна неколку улици подалеку од супермаркетот, но тој тврдел дека не го направил тоа.

Момчето е уапсено и сместено во затвор. Ова, инаку, му е четврто апсење овој месец.

Коментари

Популарно