УЕФА одби минута молк за жртвите во Истанбул!

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го одби барањето на Турскиот фудбалски сојуз четвртфиналето на ЕУРО 2016 вечерва меѓу Полска и Португалија да почне со минута молчење.

Istan

– Трагедијата што се случи во Истанбул не погоди која било од учесниците на овој натпревар во Марсеј, се вели во образложението на УЕФА.

Оваа одлука предизвика лавина негативни коментари на социјалните мрежи, пред се поради фактот што Турција учествуваше на првенството, како и двојните аршини, со оглед дека минатата есен по терористичките напади во Париз, сите пријателски натпревари започна со едноминутно молчење, а некои и со изведба на химната на Франција.

Од друга страна, УЕФА со овој став, наводно, сака да избегне минута молчење пред речиси секој натпревар, затоа што често се случуваат трагедии ширум светот.

Коментари

Популарно