ВИДЕО: Нов терористички напад во Германија - најмалку 3 убиени и многу повредени!

Повтроно хорор во Германија. Најмалку три лица се убиени, а минимум 11 повредени во експлозија која се случила во ресторан во градот Ансбах, на југот од Германија. Полицијата верува дека причина за експлозијата е експлозивна направа, како и дека напаѓачот дека загинал во истата.

Eksplozija-u-Ansbahu-7

Нападот се случил во центарот на овој град, во близина на местото на кое се одржувало музички фестивал во текот на викендот. Тој моментално е откажан, а на настанот во моментот на експлозијата се наоѓале околу 2500 луѓе.

Полицијата го блокирала целиот крај и во тек е истрага. Според неофицијалните информации на напаѓачот му бил забранет влез на фестивалот, па недлого потоа се слушнала страшна детонација.

Eksplozija-u-Ansbahu-4

Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман се упатил на лице место, јавуваат германските медиуми.

Eksplozija-u-Ansbahu-8

Некои извори тврдат дека експлодирала бомба додека други, сметаат дека станува збор за чурење на гас.

Ансбах, инаку е град кој се наоѓа на околу 150 километри од Минхен и 40 километри од Нирнберг.

Eksplozija-u-Ansbahu-9

Погледнете го видеото:

Коментари

Популарно