(ФОТО) Келвин Харис има нова девојка

kelvinharisnovadevojka

И додека неговата бивша девојка одамна продолжи понатаму, со многу јавна врска со актерот Том Хидлстон, Келвин тоа го направи неодамна, а неговата наводна нова девојка е уште една пејачка.

Станува збор за 23 годишната пејачка Тинаши, со која 32 годишниот DJ, со вистинско име Адам Вајлс, е виден дури неколку пати во последниве неколку дена.

labudcalvin

"Тие се дружат сѐ почесто и таа му се допаѓа, но и дал до знаење дека во моментов не сака ништо сериозно", откри непознат извор.

"Таа е згодна девојка и му помогна да се оттргне од целата таа драма, која настана околу неговото раскинување со Тејлор Свифт", додава изворот.

calvintinashe

Парот се запознал уште во 2014 година, кога заедно работеле на неговата песна "Dollar Signs", а наводно излегле на неколку романтични состаноци, но сѐ уште не се официјален пар.

"Останаа во контакт после соработката, но откако тој прекина со Тејлор, почнаа да се дружат сѐ почесто. Здравиот живот и работата е она што му треба моментално на Келвин и сето ова му одговара", се вели во изјавата на анонимниот пријател.

tinashica

За тоа врме, неговата бивша девојка преживува вистинска медиумска драма поради врската со Том Хидлстон, но и јавната расправија со Ким Кардашијан и Кање Вест, меѓутоа пејачката наместо да одговори реши да се сокрие на одреден период.

И додека едни сметаат дека таа е жртва на љубомора, други се убедени дека конечно е покажано нејзиното вистинско лице.

Коментари

Популарно