Грчко благодарам на македонските туристи !

Последните статистички податоци покажуваат дека годинава најмногу македонски граѓани патувале за Грција. Односно колку што има Грчки туристи во земјава на месечно ниво, толку има Македонски туристи во Грција само за викенд.

grci_nalepnici

Продолжува лепењето на навредливи налепници за македонските автомобили кои што патуваат по туристичките места во Грција, Викендов на автомобил со скопка регистерска табличка беше залепена налепница на која пишува дека ние не сме Македонци, дека Македонија е Грчка и слично.

Минатите години голем број на македонски возила беа оштетени додека патуваа низ Грција и никој речиси ништо не превзема на тој план. На сите добро ни е познат ставот на Грците за нашето име, но овие налепници се само уште еден доказ за нетрпливоста кон Македонците. Политиката не треба да се меша со економијата, оти статистиката покажува дека македонските граѓани не само што летуваат покрај морските плажи и често за викенди одат на шопинг во Солун. Последните статистички податоци покажуваат дека годинава најмногу македонски граѓани патувале за Грција. Односно колку што има Грчки туристи во земјава на месечно ниво, толку има Македонски туристи во Грција само за викенд.

Ако во просек секој од нив потроши од 30 до 50 евра тогаш од 90 до 150 милиони евра се одлеваат од нашата земја во џебот на Грците.

И грчките туристички работници признаваат дека се работи за солидна бројка која не е за потценување, оти доколку оваа сума се инвестирала во туристички сектор би било добра подлога за градење на нови хотели.

Токму според јулските бројки на грчката Народна банка лани во Грција пристинале над три милиони македонски туристи, епа нека се замислат лепачите на налепници!

Коментари

Популарно