Денеска се слави Свети Евпал: Светецот кој умрел со Библија во рацете

gjurgj2015vec_3-735x400

Евпал живееше на островот Сицилија, во местото Катана, на преодот од третиот во четвртиот век и беше ѓакон на црквата во Катана. Околу 304 година императорот Диоклецијан го испрати тука управникот Пентагур. По силата на римските едикти од кои неколку издаде самиот Диоклецијан на овој му беше должност да ги гони христијаните. Но, во тоа време на островот имаше малку христијани, а и тие се криеа од властите по пустите места. Свети Евпал, пак, беше поткажан од некого дека е христијанин, па така заврши в затвор. Пентагур го држеше во затворот седум дена, изгладнувајќи го, а потоа го изведе на мачење и на суд. А откако судијата ја увиде бесмисленоста на маките, бидејќи Евпал никако не се откажуваше од Христа, нареди да го погубат. Неговите мошти се сочуваа до денес и се наоѓаат во едно село во близината на Неапол.

Денеска изговорете ја оваа молитва за да ви се исполнат желбите:

"Во страдањата свои прими венец, од тебе нашиот Бог, со помош на твоите победи се спасивме од демоните. Неговата молитва нека е спас за нашите души"

Коментари

Популарно