ВИДЕО: Мисици ќе шетаат со змии на утрешниот избор на убавица во Охрид!

На 26ти Август покрај Охридското езеро ќе се одржи необичен избор на мис, на кој ќе продефилираат девојки од Македонија и Србија.

misica-zmija-2

За оваа титула ќе се борат десет девојки од Македонија и Србија, а најубавата и најзгодната „змија“ ја очекуваат бројни награди.

Организаторите на овој необичен избор на убавина се модното студио Шанел и Гоце Спасевски. Тој во охридската чаршија е познат како Аждер, зошто со години наназад во центарот на градот стои со својот, тајвански, тигрест питон Алфред, и со необичниот миленик туристите може да се фотографираат за 100 денари.

-Во Македонија има толку многу избори на убавина, толку убави девојки, што решивме да направиме уште еден уникатен избор - Мис Змија. Самиот збор змија кога ќе се насочи кон одредена девојка може да се протолкува на повеќе начини, како жена - змија, отровна и злобна, но и како девојка со змиско тело, премногу згодна и фатална, објаснува Благоја Стојановски, сопственик на модното студио кое го организира овој необичен избор на мис.

Освен највредните награди, мисиците ќе може да се сликаат и со питон.

Коментари

Популарно