Албанија победи незаслужено, но заслужи санкции од ФИФА

Фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Македонија што се играше два дена, поради невреме го доби репрезентацијата на соседот, но победата е во сенка на оносто на Албанците кон Македонија.

Untitled

Пред дуелот во Скадар на стадионот „Лоро Боричи“ беа нападнати нашите навивачи со пиротехника, потоа исвиркана химната на Македонија, а од трибините со скандалозна кореoграфија беше навредена и нашата држава. На трибините имаше и голем број навивачи на Албанија - луѓе кои се родиле, живеат и егзистираат во Македонија, а истата ја омаловажуваат и навредуваат.

Кореoграфијата скандалозна ја прави тоа што беа истакнати пароли со имињата на низа македонски градови како Куманово, Битола, Охрид, Дебар, Скопје, Гостивар, Крушево, а над нив на голем транспарент пишуваше Илирида, што подразбира дека населените места се дел од "Голема Албанија". Ова е голем скандал кој не може и не смее да остане незабележан и неказнет од страна на ФИФА.

Коментари

Популарно