Колку време траел катастрофалниот земјотрес во 1963 година? (ВИДЕО)

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала), а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

земјотрес

Земјотресот во 1963 година траел 20 секунди.

Тогашниот скопски земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар.

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.

Коментари

Популарно