Тешка сообраќајка кај Ново Село, струмичко

полиција

Во петокот, во 22.15 часот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село, на местото викано „Леонидова чешма“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Форд Ескорт“ и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки. Еден од учесниците во несреќата се наоѓа во животна опасност, додека останатите двајца учесници се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Коментари

Популарно