(ВИДЕО) Ecocapsule е најмалата еколошка самоодржлива куќа во светот

Сферичната форма на Ecocapsule е внимателно направена за да се минимизира загубата на енергија и максимално да се искористи дождовната вода и утринската роса.

ecocapsule2-600x400-300x200

Ecocapsule е првата навистина независна мобилна куќа која се напојува самостојно со соларна енергија и енергија од ветрот. Поради тоа што е многу мала, може да се постави каде било и лесно да се менува местоположбата во зависност од желбите и потребите на корисникот. Внатре содржи сè што е потребно за подолг престој далеку од модерниот свет и технологијата. Има ефикасен дизајн, термална изолација со високи перформанси, двоен систем за енергија составен од соларни панели и турбина за ветар, масивни батерии за складирање на вишокотecocapsule-600x400 произведена енергија. Сè се контролира со помош на паметен систем за оптимизација на консумацијата на енергија..

ecocapsule-600x400-300x200

Освен тоа, сферичната форма на Ecocapsule е внимателно направена за да се минимизира загубата на енергија и максимално да се искористи дождовната вода и утринската роса. Филтрите со мембрани инсталирани во куќата се дизајнирани да прочистуваат 99,999% од бактериите во водата и секоја вода да ја претворат во чиста вода за пиење.

ecocapsule1-600x400-300x200

Иако е малечка, во Ecocapsule комотно можат да живеат двајца. Доволно е широка за да ги имате потребните удобности додека престојувате во дивина или во природа. Малечката кујна што ја содржи има вода, а тоалетот и тушот со топла вода се само некои од удобностите што ги нуди овој ecocapsule1-600x400 минијатурен енергетски ефикасен и еколошки хотел.

Понатаму, има доволно складиштен простор за да ви ја собере сета спортска опрема. Ecocapsule може да се користи не само како колиба, викендичка во планина или хотел, туку и како мала електрана или станица за напојување на вашиот автомобил.

Погледнете како изгледа оваа навистина неверојатна мобилна куќа.

Коментари

Популарно