(ВИДЕО) ГО ПОНИЖИ, не сакаше да му даде гол – Голманот дивјак му се одмазди

ali-said-670x502-670x400

Во конкуренција за најодвратен потег на годината голманот на фудбалскиот клуб Емирати Али Саид Акур секако беше еден од фаворитите.

Тој поради удирање на противникот на мечот на шампионатот на Обединетите Арапски Емирати против Ал Аина доби цревен картон, но она што го направи после тоа заслужува не само повеќемесечна суспензија, туку и затворска казна!

Играчот на домашната екипа Данило Морено во 82 минута се обиде во казнениот простор да го издрибла Али Саид, но голманот на гостите беше поуспешен, исфрајќи ја топката во корнер.

Следеше целосно несватлива реакција на Али Саид кој без повод го удри колумбискиот фудбалер. Судијата веднаш му покажа црвен картон, а потоа следеше помрачување на свеста на Али Саид. Голманот на Емирати со сета сила брутално го згази Морено, кој лежеше на тревата.

Коментари

Популарно