(ВИДЕО) Шангај Мастерс: Ѓоковиќ го изгуби натпреварот и нервите

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, остана без титулата на Мастерсот во Шангај и загуби нови бодови, откако во полуфиналето доживеа пораз, во два сета 6-4, 6-4, од Роберто Баутиста-Агут.

img-297857

Ѓоковиќ е далеку од вистинската форма, во Шангај тој само ја продолжи лошата низа која трае уште од Вимблдон. 28-годишниот Шпанец, Баутиста-Агут, одигра одличен меч, во кој го диктираше темпото и на крајот заслужено ја забележа првата победа во дуелите со Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер се мачеше на теренот, кинеше маици, кршеше рекети и се расправаше со судијата, но тоа не му помогна да избори победа.

По поразот Ѓоковиќ рекол дека мора многу повеќе да работи на ментален план, напомнувајќи дека можеби причината за лошата низа се преголемиот број мечеви во последните 15-20 месеци.

Коментари

Популарно