Имате проблем со здравјето: Ова е најголемата грешка што ја правите

Брзиот начин на живот, нездравата исхрана, пушењето цигари, не доволната физичка активност и стресот се причина за многу здравствени проблеми кај луѓето. Иако, редовно се пишуваа на оваа тема, свеста кај Македонците е сеуште на многу ниско ниво.

premature-ejaculation1

Негата и свеста за своето здравје и тело во нашето општество речиси и да не постои. Ретко кој превзема нешто за подобар и подолг живот, а најчесто оправдување се финансиите и немањето време. Поразителни се бројките за процентот на пушачи во државава, дури 37% проценти од населението се зависници од никотин! Цигарите освен што му штета на вашето здравје и на здравјето на оние околу вас, го олеснуваат и вашиот џеб. Пари кои можете да ги употебите во подобрување на целосното физичко здравје, наместо да го нарушувате.

Слична е ситуацијата и со исхраната и физичката активност. Македонците немаат време и финансии да се хранат здраво и да прошетаат, возат велосипед, потрчаат, посетат фитнес центар или базен, но секој фаст фуд ресторан е преполн, а во секој дом имаме по 2-3 телевизори. Секојдневно убиваме 3-4 часа на Фејсбук или пред ТВ, но немаме време да појдеме до кеј, на Водно, до парк.... Телото, колку и да е сега здраво, сето ова еден ден ќе ни го наплати.

За стресот велат дека е најчестиот причинител за намалување на имунолошкиот систем, а со тоа директна последица за многу сериозни заболувања. Најдобар лек за истиот се физичка активност, медитација и масажа. Секако, ако ги искомбинирате сите три методи, стресот најбрзо ќе исчезне.

Ние не можеме да ве натераме да бидете физички акивни или да медитирате, но можеме да ви предложиме одлично место за масажа.

„Студио Алтернатива“ е студио за масажи, мануелна терапија, кинезитерапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација.

Контакт:

Исаија Мажовски 44, лок.6, Скопје

Тел. 078/429 295 или 02/6150 369

Коментари

Популарно