ВИДЕО: Рим „однесен“ од страшно торнадо!

Страшно невреме проследено со силен ветер, бура и торнадо кое носеше сè со себе, се случи вчеравечер во Рим. Невремето со себе однесе и човечки жртви, а голем број Италијанци се повредени. Материјалната штета е огромна. Не помина многу време од силните земјотреси, а жителите на Апенинскиот Полуостров повторно се во паника од временски непогоди.

tornado-rim-noem-2016

Колосоеумот целиот е под вода, на снимките и фотографите што се појавија на социјалните мрежи се гледа како торнадото ги откорнува зградите, летаат покриви, се забележуваат разурнати ѕидови и дрвја по улиците и превртени автомобили. Централното улично осветлување е оштетено, продавниците, трговските центри и куќи се претворени во пепел.

Страшното невреме однесе една жртва во Ладисполи, место на 30 километри оддалечено од главниот град. Според првичните информации се работи за 47-годишен човек од Индија, кој починал откако парче од зграда паднало директно врз него.

Во римската населба Чезано загина војник, кој бил во својот автомобил, кога тешко стебло се откорнало и паднало врз покривот на автомобилот.

Коментари

Популарно