МВР: Како починала 26 годишната родилка во Штип?

Според податоците од полицијата за трудницата која почина во Штип, во 15 часот и 40 минути телефонски во полиција се јавил лекар од Гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Штип и пријавил дека за време на породување починало непознато женско лице.

14838mala-39259-89252

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за 26-годишната Н.К.Б.од Штип, која со упат од матичниот гинеколог, најпрво, била примена на Инфективното одделение, каде што здравствената состојба и се влошила, по што била префрлена на Акушерското одделение, по што состојбата уште повеќе и се влошила и починала.

По извршената реанимација бил направен обид со царски рез да се спаси бебето, но истиот останал безуспешен. Било извадено мртво новороденче.

По наредба на Јавен обвинител телата биле предадени на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчситување на случајот.

Коментари

Популарно