Македонец осомничен за смртта на француски турист во Мелбурн

Панде Велески (35) од Мелбурн е осомничен за прободувањето и смртта на еден француски турист во северниот дел од земјата, во напуштено место познато како Конорс, 100 километри од Алис Спрингс.

mkd-296326-340x396

Французинот бил прободен со нож одзади без никаков претходен инцидент или вербална расправија.

Полицијата информира дека францускиот турист и неговата жена биле на туристичка посета на местото Конорс кога еден човек почна да им се приближува. Без никаква причина тој човек во врат го прободел 33-годишниот Французин и избегал со својот автомобил. Шокираната сопруга го запрела првиот автомобил чии патници се обиделе да му дадат прва помош на францускиот турист и да го пријават случајот.

mkd-296327

Автомобилот на Велески бил сопрен од полицијата, а тој избегал. Неколку часа подоцна со помош на хеликоптер Велески бил уапсен, јавија австралиските медиуми.

Коментари

Популарно