Ристовски шкртнат од Червар - се враќа Миркуловски

Промени во машкат ракометна репрезентација. Селекторот Лино Червар, денес на прес конференција за новинарите го објави својот избор на ракометари кои ќе не претставуваат на претстојното Светско првенство во Франција.

Изненадувачки, голманот на Барселона, Борко Ристовски не се најде на поширокиот список, како ни "ветеранот" Ацо Јоновски. Своето место на списокот не го добија ни Даскалоски и Прибак.

Од друга страна пак, повикан беше "пензионираниот" Филип Миркуловски, кој го потврди враќањето во националниот дрес.

Која е причината за изоставувањето на нашиот "Министер за одбрана" Ристовски, најверојатно ќе дознаеме наскоро, иако Червар на пресот веќе изјави дека тоа не е поради негово лично убедување, туку поради “емотивна исрцпеност“ на голманот.

На ова свој коментар имаше и Ристовски, кој вели:

– Да бидам искрен познавајќи одредени личности ништо не ме изненадува. Сепак, ќе се водам од своите принципи со кои сум се водел отсекогаш и нема да коментирам ништо понатаму на оваа тема. Својата страна на приказната наречена „емотивна исцрпеност“ ќе ја кажам во некоја блиска иднина. Сепак јас сум личност, играч на Барселона и моето ниво не ми дозволува да водам приватни војни со никого, уште повеќе ако тоа штети на репрезентацијата. На селекторот, стручниот штаб, играчите и голманите без разлика кој и да биде на голот им посакувам многу среќа на СП и ја имаат мојата искрена поддршка за успех. Сепак, има нешто поголемо од лични суети кога се работи за репрезентација и држава..

Како и да е, се надеваме дека момците добро ќе се подготват за претстојното Светско првенство кое ќе се одржи од 11 до 29-ти јануари, 2017 година и дека ќе ни донесат бројни успеси.

На распоредот на натпревари во нашата група Ц, Македонија ќе одигра против Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

Коментари

Популарно