Ќе има пргегласување: Гласачкото место 0396/1 може да ги промени резултатите

Државната изборна комисија реши да има прегласување во гласачкото место 0396/1 во Гостивар, кое се наоѓа во шестата изборна единица, доколку истото може да ја промени ситуацијата со доделени мандати во собраните на Република Македонија. 

Во моментиве, разликата меѓу ВМРО и СДСМ во целата изборна единица 6 е 307 гласа во корист на ВМРО ДПМНЕ, со што тие добиваат 4 мандати, а СДСМ 3. На поништената кутија се регистрирани 892 гласачи, што значи дека повторното гласање може да го промени изходот.

На гласањео во неделата  излегле 450 од нив. Неважечки ливчиња имало 21 на број. Од нив 74 гласале за ВМРО ДПМНЕ, 102 за СДСМ, додека 107 за ДУИ, 48 за БЕСА, 68 за Алијансата за Албанците, како и 24 за ДПА, а 6 гласа отишле во рацете на ПДП.

Со поништување на гласањето, разликата меѓу ДПМНЕ и СДСМ се зголемува на 335 гласа, што значи дека СДСМ ќе мора да го победи ВМРО со 335 разлика во кутија со 892 гласачи за да го добие мандатот и израмни на 50-50 во мандати. Реално, доколку гласачите гласаат по своеслободно убедување ова не е возможно, но во следниов период ќе следат сериозни меѓупартиски договори за менување на гласови, меѓу БЕСА, по чиј приговор беше поништено гласањто и СДСМ.

Автор: Пацифист 

Коментари

Популарно