ГАЛЕРИЈА: Секси Севе лета на новиот календар на „Пелистерка“

Пелистерка денеска го промовираше седмиот календар на компанијата, кој изминативе години стана нивниот заштитен знак, нетрпеливо очекуван секој декември.

Неколку дневното снимање за годинешниот календар се одвиваше во Загреб и во неговото создавање учествуваше 25 члена екипа од Македонија, Хрватска и Словенија.

Дванаесет беспрекорни фотографии на Северина, подигната од меурчињата на газираната Пелистерка, кои даваат посебен шарм, на навидум секојдневните активности. Играјќи со дуализмот на силните бои, секоја страница од календарот нуди свеж пристап во поп арт стилот и навестува период на нови, визуелни изненадувања.

Од менаџментот на „Пелистерка“ потенцираат дека компанијата покрај доминацијата во Македонија, драматично го засилува своето присуство на пазарите низ регионот, во Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Токму затоа на компанијата и беше потребно добро познато и популарно лице како Северина.

- После седум успешни изданија на календарот без лажна скромност можам да кажам дека „Пелистерка“ се етаблираше како компанија која ги поставува трендовите во нашата индустрија, но истовремено и ги подигнува стандардите за тоа како треба да да биде промовиран еден корпоративен производ. Од година во година на јавноста и се презентираме преку сеопфатна стратегија, од која составен дел е претставувањето на квалитетен, најпрофесионално изработен календар на кој соработуваме со најатрактивните жени од земјава и регионот. На него работеше талентирана, креативна и храбра екипа и токму затоа финалниот резултат е префинет производ кој апсолутно ги исполнува сите светски стандарди. Календарот на „Пелистерка“ стана заштитен знак на компанијата кој ги отсликува темелите на нашата работа – квалитет и професионалност – рече Тања Панделеска, маркетинг-директорка на „Пелистерка“ на денешната промоција.

„Пелистерка“ и Северина планираат реализизација на уште неколку големи проекти за промоција на брендот на македонскиот, но и на пазарите во регионот. На популарната пејачка ова ѝ е прва соработка со компанија од Македонија.

Коментари

Популарно