Пресврт во случајот: Хостесата Милица го убила газда Дејан, па сакала да го намести рецепционерот

Угостителот Дејан Дејаниќ (51), сопственик на вилата ДНД во Нишка Бања, беше убиен утрото на 5. ноември, а српските медиуми тогаш јавија дека убиецот е рецепционерот Дејан Јовановиќ (42) кој исто така бил негов пријател.

Сепак, сега има пресврт во случајот со ова убиство, а истрагата покажала дека злосторството го направила Милица Димитриевиќ (27) од Ниш која го убила Дејанчиќ поради 100.000 евра и злато.

Таа во вилата работела како хостеса, а непосредно пред злочинот била видена со поранешното осудувано момче. Милица најверојатно прво го убила газдата Дејан Дејанчиќ (51), а потоа тешко го ранила рецепционерот Дејан Јовановиќ (41). На слушувањето во полицијата сето ова го негирала.

Сомнежот го префрлила на рецепционерот за кој рекла дека пукал во газдата.

– Од првиот момент не верувавме дека рецепционерот пукал во газдата. Дејанчиќ го имаше практично извлечено од кал, од некое село, во кое Јовановиќ живееше запуштено. Не постојат шанси тој тоа да го направил, му беше најверен другар, изјавил еден од поранешните работници во вилата.

Дејанчиќ со години живеел во Шведска со неговата жена, три деца и четири внуци. Извор навел дека Дејанчиќ кратко пред убиството добил повеќе од 100.000 евра и дека имал повеќе од 3 килограми злато, а за местото каде се наоѓале знаела Милица.

– Имаше интимни односи со Дејанчиќ. Во неговиот живот се појави во мај. Дејанчиќ ја сожали и застана во нејзина заштита од нејзиното поранешно момче кое ја малтретираше. Знам дека во еден момент и рече да ги остави ковертите таму каде што стојат парите, вели изворот.

По злочинот, Милица наводно е видена како боса истрчува од вилата.

Коментари

Популарно