Неверојатно: Сакала да го врати штотуку родениот внук во болница бидејќи бил грд

Неверојатна случка се случила во градот Санта Марта во државата Колумбија.

Имено, повозрасна жена не сакала да го прифати својот штотуку роден внук бидејќи бил многу грд.

Таа заедно со својата ќерка дошле во болницата во која претходно се породила и барала од медицинскиот персонал да и го дадат „правото“ бебе.

Таа тврдела дека бебињата се заменети и поради тоа таа го добила погрешното бебе односно грдото.

Лекарите ја убедувале дека нема никава замена на бебињата.

„Бебето беше здраво. Уште еднаш го прегледавме и ги испративме дома, а бабата ја пративме на психијатриско лекување“ - изјавиле лекарите.

Моментално бебето е дома, а бабата редовно посетува терапии.

Коментари

Популарно