Хрватски портал тврди: Го знаеме името на убиецот на Тоше Проески

Хрватскиот портал ХОП го сврте вниманието на Балканот со оваа вест, која што експресно се прошири по социјалните мрежи.

Порталот детално опишува тоа што наводно се случувало со Проески во неговите последни часови од живот.

Покрај тоа именувани се лица за кои што се тврди дека се вмешани во неговото убиство, а информациите хрватскиот портал ги добил од сведок на случката.

Ова не е прв пат да се пишуваат разни теории на заговор околу смртта на Тоше.

Сопругот на неговата сестра Дора, Славен Ристески, апелираше јавноста да го остави Тоше да почива во мир и да не фрла дамка на неговото дело, но и да не го потресува дополнително семејството.

Целосната статија на порталот ХОП може да ја прочитате тука.

Коментари

Популарно