ФОТО: Од „голем слон“ до секс бомба - Косовката која ќе ја преставува Албанија на Евросонг

27-годишната претставничка на Албанија на изборот на песна за Евровизија некогаш тежела 113 килограми, но успеала да ја преполови својата тежина и сега одушевува со својот фит изглед.

Линдита Халими од Косово се здебелила по завршувањето на војната во нејзината татковина, кога започнала да јаде неконтролирано за да надомести за деновите поминати во гладување.

„Никогаш не знаевме кога ќе јадеме следно. Да не можеш да јадеш кога ти се јаде е најлошото чувство на светот. Па, кога заврши војната, јадев неконтролирано за да надоместам за сите оние пати кога не можев. Нештата тргнаа во погрешен правец“ – открива Линдита за People..

Халими започнала да јаде бонбони, Нутела и пица во големи количини, а килограмите брзо се зголемувале.

„Јадев прекумерно сè што предизвикува дебелеење“ – рекла таа.

Иако дебелината не ѝ пречела, нејзиното здравје започнало да се влошува, како и нејзиниот социјален живот.

„Се здебелив на возраст меѓу 17 и 20 години. Тие 3-4 години од животот ми беа мизерни. Искрено, тежината не ми пречеше, но таа се претвори во здравствени проблеми. Дишев тешко, страдав од настинки, грип и пневмонија. И бев малтретирана. Секогаш кога ќе одев на училиште, луѓето коментираа: А, ете го големиот слон“ – раскажува Линдита.

Пресуден момент за Халими да започне да слабее бил кога жена во воз ѝ го отстапила своето место, мислејќи дека е бремена.

Згодната Косоварка, која сега работи како личен тренер, пронашла туторијали и рецепти на YouTube за приготвување на здрави јадења и започнала секој ден во 6 часот наутро да оди во фитнес сала.

„Одлучив да направам промени... Плачев, страдав и ме болеше повеќе одошто можам да опишам, но морав да бидам во фитнес сала во 6 часот наутро и тоа не ми беше воопшто забавно... додека не стана дел од мојот ден, од моето секојдневие и денес сум горда што им помагам на другите да ослабат – од правилна исхрана до правилно вежбање и заштита од повреди.“

„Му благодарам на Бог за моето семејство, за моите поддржувачи и за сите што се надевам дека ќе ги инспирирам. Живеам за да бидам инспирација. Се надевам дека што и да се трудите да промените во вашиот живот, ќе го започнете ДЕНЕС“ – раскажала Халими на Instagram.

„Сега тренирам за себе. Не се трудам да бидам најслатката девојка во фитнес салата, туку да се чувствувам добро во сопственото тело и во сопствената кожа“ – вели таа.

Во 2013 година, Линдита се преселила во САД со своето семејство, каде зела учество во последната сезона на шоуто „American Idol“ и влегла во топ 25. Таа победи на 55. издание на Фестивалот за избор на песна на Албанската радио телевизија со песната „Botë“ и во мај ќе ја претставува Република Албанија на „Евровизија 2017“.

Коментари

Популарно