Публиката и Лила во шок: Натпреварувачот реши да оди до крај и...

Уште една возбудлива епизода на мега-популарниот квиз „Се или нешто", имаа можност да погледнат вчера гледачите на Сител ТВ. Александар е првиот учесник што имаше храброст да отиде до самиот крај и да ја одигра последната рунда од која му останаа две црвени суми, 250 илјади и 35 илјади.

Тој одби 100.000 денари, но за жал овој пат храброста не се исплатеше.

Александар дома си отиде со 35.000 денари, а кутијата со број 23 се одлучи да не ја игра за да не ризикува повторно, иако се испостави дека внатре имало иста сума, која немаше да промени ништо.

Коментари

Популарно