Пожар во Супер Тинекс во Кисела Вода

Пожар избувна утрово во објектот на Супер Тинекс лоциран на булевар „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.

Според информациите од Противпожарната бригада, пожарот избувнал во деловен простор во Супер Тинекс. Направена е материјална штета.

Интервенирале три противпожарни возила и пожарот е изгаснат.

Коментари

Популарно