Не ставајте гориво до полноќ - од утре пониски цени на бензините

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,58%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на претходните цени.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на претходната цена и изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,302 денари за килограм и од ноќеска на полноќ ќе изнесува 28,525 ден/кг.

Коментари

Популарно