(ФОТО/ВИДЕО) БАКНЕЖ НА СМРТТА: Момче направи кобна грешка кога се обиде да бакне отровна кобра

Тинејџер од Индија починал откако бил каснат од отровна кобра. Несреќата се случила кога момчето се обидело да ја бакне змијата со цел да направи интересна фотографија.

Спасувачот на змии Сомнет Махатра (18) ја извлекол смртоносната змија од под автомобил со цел да ја засолни на побезбедно место.

Додека позирал со телефонот во обид ја бакне спасената змија, отровницата се свртела и ги зарила забите директно во неговите гради.

Тинејџерот веднаш бил однесен во болница, каде што пет дена подоцна ја згубил борбата за живот, пишува британски „Мирор“.

Сомнет кој во текот на животот спасил повеќе од 100 змии, починал на 2 февруари.

Коментари

Популарно