Кривична за убиството во крушевско - го убила оти ја уценувал продавачката да му биде љубовниц

Продавачката која на 3-ти овој месец уби соселанец во колонијална продавница во крушевското село Свето Митрани со ловна пушка, го извршила убиството бидејќи мажот ја уценувал да му биде љубовница.

Од преземени мерки било утврдено дека причина за убиството е тоа што, убиениот и се додворувал и барал да стапи во љубовна врска со него.

Од почетокот на 2017 година постојано и се јавувал на телефон, секојдневно доаѓал во продавницата за да и се додворува, а почнал физички и психички да ја малтретира. Тој и упатувал и сериозни закани дека ако таа не стапи во љубовна врска со него тој ќе го убие нејзиниот син.

Исто така ја уценувал дека ќе каже на нејзиниот сопруг дека била со него во интимна врска, иако тоа не било вистина.

Против жената е поднесена кривична пријава за убиство.

Коментари

Популарно