Лек против болка во грбот

Секое трето лице има болка во грбот, посебно во студени денови, бидејќи рбетниот столб „не сака зима“.

Ако и вие го имате овој проблем, посебно во долниот дел на рбетниот столб, пробајте да го решите проблемот со помош на универзалниот лек – лукот.

Потребно е на масло да испржите 10 чешниња лук, да ги ставите во памучна крпа и потоа облогот да го поставите на болното место. Оставете го да стои најмалку три часа, а терапијата повторувајте ја неколку дена по ред.

Најдобар ефект се постигнува ако пиете и лек од лук и млеко.

Тој се прави така што ситно се изгмечуваат четири чешниња лук се помешуваат со 200 милилитри млеко, а потоа течноста се става на оган додека не почне да врие. За да се неутрализира вкусот на лукот, можете да додадете и мед.

Коментари

Популарно