ГАЛЕРИЈА: Првата фотосесија на Меланија Трамп

На црно-белите фотографии, кои се дело на словенечкиот фотограф Стане Јерко, Меланија има 16 години.

Стане изјавил дека изгледот на Меланија го привлече неговото око додека таа чекала своја пријателка потпрена на ограда. „Беше јануари 1987 и јас си заминував дома по завршувањето на модна ревија. На скалите здогледав девојка кога веднаш ми го зароби погледот. Таму стоеше висока, слаба и атрактивна девојка со специфични очи“ – изјавил Јерко. Тогаш, тој ја поканил за фотосесија во своето студио.

Јерко најпрво ја опишал Меланија како срамежлива и повлечена девојка, но признал дека за кратко време се прилагодила на фотоапаратот.

Меланија ТрампМеланија ТрампМеланија ТрампМеланија Трамп

Фотографиите на Јерко стигнаа до големи модни агенции кои ѝ ја отворија вратата на младата девојка кон светската модна индустрија.

Коментари

Популарно