Село на Балканот: Нема невработени, но нема ниту водовод, канализација и асфалтирани патишта!

Во ова село има над 350 домаќинства, и повеќе од 70 фирми.

Селото Стројковце се наоѓа на 11 км од градот Лесковац, во соседна Србија.

Ова село е „родно место на текстилната индустрија“ во Србија.

Стројковце е место со најмногу фирми по глава на жител во јужна Србија, па и пошироко.

„Ние сме феномен. Нема вода, канализација, ни асфалт, а фирми колку ти душа сака. Овде „летаат“ камиони со странски регистрации, но и често се заглавуваат во кал“ - вели Драган Вујиќ кој има компанија за дрвена амбалажа.

Мештаните раскажуваат дека пред извесно време дваесетина невработени заминале на работа во странство, што значи дека сега нема невработени. Но, дел од фирмите кои се во селото работат „на црно“ и се случува да ги затворат инспекциските служби.

Повеќето фирми во Стројковце работат со дрво.

Коментари

Популарно