ОФИЦИЈАЛНО: СДСМ го избра Заев за мандатар

Претседателот на социјалдемократсиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денеска на седницате на извршниот и централниот одбор на партијата бешe избран од членовите на двете тела за мандатар за состав на идната влада.

На седницата присуствуваше раководството на партијата. Со неговиот избор за мандатар, Заев доби и овластување од Централниот одбор да влезе во преговори за владината програма и за новиот владин состав.

„Следува период во којшто ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма, што ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реални политики, така како што избраа граѓаните на Македонија. Презедовме обврски за живот за секој човек со Планот на живот. СДСМ носи живот за сите граѓани на Македонија.“ – посочи Заев.

Одлуката на раководството на партијата да го избере Заев за мандатар, доаѓа откако доцна синоќа од ДУИ соопштија дека ќе ги дадат потписите на СДСМ за добивање на мандат, но како што изјави партискиот портпарол Бујар Османи, тоа не значи и дека ќе коалицираат во новата влада.

Коментари

Популарно