(ВИДЕО) И полицијата не му може ништо на Кристијано Роналдо

„Дури ни полицијата не може ништо на Роналдо“, се насловите со кои светските медиуми ги испратија потегот на Португалецот по натпреварто со Лас Палмас (3:3).

Кристијано Роналдо против Лас Палмас не блескаше, но со два гола во самиот финиш успеа да извлече еен бод за Реал. Нерешениот резултат 3:3 ја остави Барселона на првата позиција, пред Реал кој има бод и натпревар помалку.

Разочаран од резултатот и лошата игра на Реал, Португалецот, напуштајќи го стадионот со својот автомобил минал на црвено, а полицајците кои стојат до семафорот не реагираат на овој негов прекршок.

Медиумите со овие наслови алудираат и на судиските подароци во корист на Реал во изминатите неколку недели.

Коментари

Популарно