(ВИДЕО) Мислела дека вдомува дете од Авганистан, а кога открила кој е - занемела!

Британката Џули сакала да им помогне на мигрантите кои доаѓаат во Велика Британија, па како хранител преземала деца без родителска грижа и им пружала дом.

Истото го направила со Абдул, наводно 12-годишен Авганистанец. Неколку седмици подоцна, станало јасно дека Абдул не е наивен тинејџер бегалец, туку насилен 20-годишник. Пред камерите на "ITV" го открила пеколот низ кој минало нејзиното семејство додека Абдул бил дел од нивните животи.

Џули раскажала дека авганистанскиот мигрант го примила дома откако од социјалните служби ја замолиле да се погрижи за него "неколку ноќи".

"Кога влегов во просторијата во која беше, не мислев дека е лицето за кое ми зборуваа. Делуваше како да има 19, а не 12 години. Беше многу тивок. Не сакав да ги повредам неговите чувства, но обично не земам тинејџери. Земам мали деца. А тогаш помислив дека него му е потребен само дом и повеќе не се двоумев", рекла Џули.

И покрај недовербата за годиштето на детето, Џули ја отворила вратата од својот дом за тивкиот бегалец од Авганистан. Набрзо , се појавил и првиот сериозен сомнеж и доказ дека првиот впечаток не ја измамил.

"Отидовме на забар, кој по прегледот процени дека Абдул има помеѓу 18 и 21 година. Тој и натаму тврдеше дека има 12 години", рекла Џули.

На почетокот бил многу љубезен и се однесувал убаво, но тоа набрзо се променило. Неколку седмици подоцна открила дека Абдул веќе бил апсен во Белгија.

"Во Белгија му направиле рендген на забите и сфатиле дека нема 12 години. Открив дека таму тврдел дека има 17 години. Не можев да сфатам зошто тоа не ми беше кажано", рекла Џули.

Заканите започнале кога на Абдул му отворила профил на Фејсбук, со надеж дека ќе ги пронајде неговите родители. Тогаш почнал да прима чудни телефонски повици. Џули се плашела да биде сама со Абдул во куќата, но како што објаснила, не сакала да го пресели во друго семејство додека не дознае кој е.

Открила дека Абдул посетувал екстремистички сајтови од својот мобилен телефон и праќал пораки до семејството и пријателите дека успеал да ги измами британските власти дека е дете.

"Бев шокирана. Се сеќавам дека помислив: Боже, која е оваа личност", рекла Џули.

На Абдул му бил пронајден нов дом, но проблемите тогаш започнале. Тој не сакал да оди во ниеден од тие домови. Ситуацијата ескалирала кога последниот пат му било понудено да оди во друго семејство.

"Почна да ми се заканува вербално и тогаш еден од моите цимери застана меѓу нас двајца во страв да не ме повреди. Абдул го удри, го собори и продолжи да го удира со тупаници. Повикав полиција", раскажала Џули.

По овој инцидент, Абдул бил уапсен. Додека полицијата го изведувала од нејзиниот дом, Абдул викал "Ќе ве убијам сите. Знам каде живеете". Иако е сега во затвор, Џули сепак живее во страв дека би можел да се врати и да ги повреди неа и нејзиното семејство.

Тоа што Џули посебно ја загрижува е тоа што верува дека не го надгледуваат како што треба и дека уште еднаш ќе успее да ги измами британските власти. Поради ситуацијата низ која минала, Џули повикува на подобра контрола на бегалците кои доаѓаат во Британија.

"Обично се претпоставува годиштето на тие луѓе, и ги сместуваат во семејства каде што има деца. Ако веќе им дозволувате да влезат внатре, тогаш мора добро да проверите кои се", апелирала Џули.

Коментари

Популарно