ТЦЦ ГРАНД ПЛАЗА со уникатен подарок им го честита 8-ми март на скопјанки

ТЦЦ ГРАНД ПЛАЗА реши на оригинален начин да им го честита празникот на жената  8- ми март на сите скопјанки.  Денеска и утре 8 и 9 март секоја жена која се грижи за изгледот на своето тело може бесплатно да дојде на вежбање во фитнес центарот на ТЦЦ ГРАНД ПЛАЗА.

За да добиете бесплатен трениг денеска и утре единствено што ви е потребно е да имате соодветна опрема за вежбање, да се појавите во фитнес центарот на ТЦЦ Пллаза и нормално да сте жена, и подарокот е ваш.

Во ТЦЦ Гранд Плаза физички се подготвуваат кошаркарите на КК Работнички, фудбалерите на Македонската фудбалска репрезентација, а во фитнес клубот често доаѓаат и многу јавни личности.

Кафеана со многу храна и алкохол или трошење на калории во фитнес центар со професионален тренер, вие избирате сами како ќе прославите. За што и да се решите нека ви е четит денот на жената.

Коментари

Популарно