(ВИДЕО) Ристо од Канада: Јас сум најсилниот Македонец

Ако не сте го запознале Ристо Петревски од Канада, сега ја имате таа шанса. Тој, како што тврди во патриотската порака испратена од Торонто, е најсилниот маж од Македонија.

Соблечен гол до појас, пред знаме со сонцето од Кутлеш, наш силен маж Ристо, ги покажува мускулите, а во исто време испраќа и патриотска порака до сите Македонци низ светот, без оглед од кој дел, село или град, од Македонија потекнуваат.

- Драги Македонци и Македонки, јас сум Ристо Петревски, најсилниот маж од Македонија. Имам една порака за младите Македонци во Канада. Бидете горди што сте Македонци. Не се срамете, не се плашете. Нашето наследство е најголемо на светот. Бидете горди. Целата Македонија е мојата фамилија. Една е Македонија, да знае цел свет - вели гордо силниот Ристо во пораката

Еве уште едно видео од Ристо:

Коментари

Популарно