Последици од летното сметање на времето

Поместувањето на стрелките на часовникот еден час нанапред, во новото истражување спроведено во САД е поврзано со кусорочно зголемување на ризикот од срцев удар.

Податоците собрани во болниците во американската сојузна држава Мичиген во 2012 и 2013 година покажуваат дека во првиот понеделник по преминувањето на летно сметање на времето се бележи просечно 25 отсто повеќе хоспитализација поради срцев удар.

Од друга страна, во првиот вторник по враќањето на зимското сметање на времето е забележано просечно намалување на бројот на хоспитализации поради срцев удар за околу 21 отсто, пишува стручното списание „Open heart“.

Истражувачите од Универзитетот Колоради наведуваат дека бројот на срцеви удари и онака е најголем во понеделник.

Според нив, добиените наоди е можно да се објаснат со последиците со промените во вообичаениот ритам на будење и стресот поврзан со почетокот на новата работна недела врз лицата кои веќе имаат присутен голем ризик за срцев удар.

Коментари

Популарно