ВИДЕО: Ин Охрид, Лихнида кајче веслаше ин да мидл оф ди езеро

Македонската дијаспора во Торонто, Канада, годинава повторно се собрала во црквата „Св. Климент Охридски“ за изборот „Мис и мистер Валентајн“ по повод Денот на вљубените.

Со македонски ора тие го прославуваат овој празник секоја година и веројатно преминува во традиција. Момците и девојките, кои се веќе тинејџери, носат на себе бројки, а на крајот од церемонијата прогласуваат двајца победници.

Додека ги носат броевите, се играат ора, се пеат македонски песни, а на крајот секој од кандидатите се претставува со име, презиме, од кој крај на Македонија се неговите родители и како го замислува својот совршен љубовен состанок.

Годинава за мистер беше избран Веле Тошевски, а за мис беше избрана Џенифер Рашкоска.

Претставувањето на кандидатите е после шестата минута, а прогласувањето на победниците е на 14. минута.

Коментари

Популарно