(ВИДЕО) Екстремна јога, се шминка со ножеви кои ги држи со колената!?

Индиската тинејџерка Анамика Котхари има единствен, но многу опасен ритуал за убавина. Имено младата Анамика шминката на очи ја нанесува со ножеви, а ножевите ги држи со колената.

Младата Индијка љубовта кон јогата ја има подигнато на едно сосема ново ниво. Својот талент Анамика го демонстрирала и во шоуто „Индија има талент“.

Инаку, младата тинејџерка пред само две години започнала да се занимава со јога. Тренер и е нејзиниот татко, кој на своите деца од најмали нозе им ја пренел љубовта кон јогата.

Коментари

Популарно