ФОТО: Изгледа полошо од просечна Македонка, но заработува милиони како модел!

Најпознатата „плус сајз“ манекенка, Ешли Грејем (29) продолжува да ги руши наметнатите стандарди на убавина позирајќи во заводливо бикини на Флорида.

Без шминка, фризура, Фотошоп и разни додатоци, Ешли зрачела со самодоверба.

Славната „плус сајз“ убавица за себе секогаш истакнува дека е поборник за здрав пристап кон телото и не се срами од своите облини. „Се надевам дека жените кога ќе ме видат во костим за капење, ќе го направат истото. Најсекси комбинација се облините со самодоверба“, изјави во една прилика за британскиот магазин „Elle”.

Во едно интервју за „Vogue” имаше изјавено дека имало период во младоста кога посакала да биде послаба.

„Некогаш сакав да бидам послаба. Имаше и такви моменти. Но, денес сум многу задоволна од својот изглед. Ме дефинираат моите облини и изгледот. Среќна сум поради тоа“, вели Ешли, пишува “Daily Mail”.

Коментари

Популарно