ВИДЕО: Кои се малите верски заедници регистрирани во Македонија?

Во Македонија има регистрирано 33 различни религиозни учења. Пет цркви и верски заедници се набројани во Уставот, како религии кои имаат голема традиционална и историска врска со Македонија.

Покрај Македонската православна црква, тука се Исламската верска заецница, Римокатоличката црква, како и Еврејската заедница и Евангелско-методистичката црква.

1Останатите 28 религиозни учења, запишани во регистерот, се најголем дел од христијанско-протестантските цркви. Има и такви кои се традиционални религии од истокот.

Во Македонија веќе пет години како регистрирани функционираат познатите Мормони, најбрзорастечката религија во Светот. Тие себе се нарекуваат „Црквата на Исус Христот на светиите од подоцнежните дни“.

Мороните ексклузинво, за прв пат на телевизија зборуваа за својата црква во Македонија во емисијата „На Иста Страна“, што се емитува на ТВ. Сител секоја сабота во 11 часот.

Погледнете ја целата емисија:

Религија.мк

Коментари

Популарно