Весна Бејби: „Наполнив 47 години во еден од моите најтешки денови“

Четириесет и седмиот роденден на Весна Петрушевска е првиот кој таа не гопрослави. На 10 ти Март секоја година актерката прославуваше со најблиските, но овој пат ситуацијата не го дозволила тоа.

Тој ден напиша и статус, односно искрена исповед за своите чувства, од која разнежни многумина следбеници и пријатели, а притоа им порача на родителите секогаш да бидат до своите деца.

-Денес наполнив 47 години, еден од моите најтешки денови… животот ги прави нештата да бидат чудни, тажни, да издржиш… баш денес беше закажано првото рочиште за онаа ужасна приказна …гледам новинари, камери и покрај неколку дневното мое болување, секојдневно одење на инфузии терапии на клиника, им се вртам на драгите новинари и им велам: Знам мене ме чекате …. се насмеаја и ми посакаа среќа… секако дека чекаа други ликови де, и во тој момент ти станува јасно дека ништо на светот не е поважно од љубовта и среќата во животот. Да, се случуваат секакви нешта, но секој од нас ја носи својата битка и ќе истерам до крај. Ви благодарам за љубовта, честа и грижата за денес… прв пат не славев роденден, отидов до школо снеможена, ја земав Мина и си отидовме да си купиме тренерки, и да се смеевме … утрото ми кажа :”Јас да ти бев мама и јас така за тебе ќе се борев” …бидете тука за своите деца …напиша Весна.

Коментари

Популарно