Ужасна исповед: „Таткото на моето момче ме силуваше со месеци, а потоа останав бремена, а не знаев од кого“

Пејџ Марвин (19) имала 13 години кога таткото на нејзиното момче почнал сексуално да ја злоставува. Ја силувал и останала бремена. Тогаш спиела и со нејзиното момче, па не знаела кој е таткото на бебето.

Пејџ се плашела дека таткото на нејзиното момче е татко и на нејзиното бебе. Мажот сексуално ја злоупотребувал со месеци. Весли Купер од Олдбури ја запознал Пејџ кога имала 13 години. Тој ѝ велел дека не смее никому да каже што ѝ прави, бидејќи никој нема да ѝ верува, пишува „Сан“. Купер го признал своето злосторство во мај минатата година и бил осуден на седум и пол години затвор.

Пејџ од Бирмингем изјавила за медиумите дека го запознала нејзиното момче Марк додека играла со пријателите. На 13 години прв пат се бакнале. Весли често ги водел на излети со неговиот брод. Ако биле дома, таткото го испраќал Марк во продавница, а потоа ја напаѓал Пејџ.

– Сега кога излегуваш со мојот син, ќе ти покажам како се води љубов – ми велеше Весли Купер. Бев девица и плачев од болка и страв. Кога Марк се врати дома, неговиот татко се однесуваше како ништо да не се случило. После тоа, секој пат кога ќе останевме сами ме силуваше. Ме допираше по нозете и ја ставаше раката под мојата училишна униформа. Еден ден ме одведе на излет со бродот и ме силуваше. Ми рече дека му е љубоморен на Марк, бидејќи тој може да ме има кога ќе посака – раскажала Пејџ.

Таа раскажала дека една ноќ, кога останале сами, имала сексуален однос со Марк. Нему тоа му било прв пат, а Пејџ рекла дека се преправала дека ѝ нејзе ѝ било прв пат.

– Како можев да му кажам дека невиноста ми ја одзеде неговиот татко? – раскажала таа.

Кога останала бремена, ја фатила паника. На почетокот на другите им велела дека само се здебелила. Кога повеќе не можела да ја крие бременоста, му кажала на Марк.

– Мојата мајка почна да се сомнева и ме одведе во полиција. Им раскажав дека спиев со Марк само за да се ослободам од сликите на неговиот татко кој ме силуваше. Не знаев дали мојот силувач е таткото на моето дете или е негов дедо. Откако се породив, ДНК тестот покажа дека таткото е Марк. Марк не можеше да го поднесе притисокот и сето она што ми го направи неговиот татко, па се разделивме. Бев депресивна. Тешко воспоставував врска со мојот син, но тој ме турка напред – раскажала Пејџ.

Весли минатата година се обидел да се самоубие откако се предал во полиција и го признал своето злосторство.

Коментари

Популарно