Ученик претепал наставник во основно училиште - му ја скршил главата

Ученик (15) од гостиварското село Симница физички го нападнал наставникот Ш.К. (62) од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од истото село иму нанел телесни повреди.

По вербална расправија помеѓу 15-годишниот ученик и наставникот малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото. Друго лице од училиштето успеало да ги раздвои. Наставникот завршил со расекотина на левата страна од главата и оток на челото и бил пренесен во здравствена установа каде му била укажана медицинска помош.

15-годишникот, заедно со родителот, бил повикан во полициската станица Гостивар, а по целосното расчистување на сите поединости, тој ќе се соочи со соодветен поднесок.

Коментари

Популарно