Ново ВИДЕО од вчерашниот инцидент во собранието: Удари, шок бомби, прва помош...

Зоран Заев, Талат Џафери, голем број пратеници од СДСМ и од албанските партии бегаа низ ходниците додека наоколу одекнуваа шок-бомби, откако полицијата презеде акција за растерување на толпата од Собранието. Поголемиот дел од пратениците се собраа во една од канцелариите. Според гласовите на снимките, канцеларијата е на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Влатко Ѓорчев е тој што се слуша во заднина и бара да им се даде прва помош на повредените пратеници од СДСМ. Заев, кој на снимката сè уште крвави, е седнат на столче и медицинска сестра му ги санира раните на главата.

На дел од снимката се гледа и тепачка во галеријата над салата за прес-конференции, каде што е нападнат пратеникот Павле Богоевски. Камерата која снима се наоѓа зад Заев и се гледа како насобраните му се закануваат вербално, а дел од нив почнуваат и да замавнуваат кон него.

Коментари

Популарно