Денеска и утре убаво сончево време, од сабота...

Денеска е четврток, 18 мај 2017 година, 138-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 227 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 12 минути,  а ќе зајде во 19 часот и 48 минути.

Денов трае 14 часа и 36 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее 55 минути по полноќ, а ќе зајде во 11 часот и 25 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Температурата ќе се движиод 16 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.Температурата ќе достигне до 24 степени.

До сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност, а нов влажен бран со врнежи од дожд и појава на грмежи се очекува в недела, кога ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на дневната температура.

Коментари

Популарно